Рајски острови за кои можеби не сте слушнале!

Белиот песок, песочните плажи, коралните гребени, делфините и џиновските желки се синоними за прекрасните рајски плажи кои постојат ширум светот.

И покрај Карибите или Сицилија, кои се познати туристички дестинации, постојат и помалку познати места кои, се не помалку привлечни за туристите. Во продолжение погледнете кои се тие!

Ibo, Mozambik

Оваа африканска земја во последните години станува се по атрактивна дестинација за туристите и посетителите. Со своите километарски песочни плажи и со луксузните ресорти кои се повеќе се градат, таа е фасцинантна за посета. Португалците оставиле длабока трага за време на своето владеење со што таа е и повеќе од атрактивна за посета.

Sylt, Germany

Ова е најголемиот остров лоциран на северот на Германија и спаѓа во т.н фризиски острови. Го краси километарска песочна плажа, која е посебно атрактина дестинација за уметниците и вљубениците во природата.

Masirah, Oman

Можеби Блискиот исток нема да ви се чини како многу привлечна дестинација за патување. Masirah е вистинскиот бисер во овој дел од светот и секако дека е атрактивен за посетителите. Со своите корални гребени, песочни плажи и богатиот подводен свет, тој нуди широка лепеза на актиности за сите љубители на авантурите, посебно на нуркачите и сурферите.

Cavallo, France

Cavallo е мало островче кое се наоѓа во непосредна близина на Корзика. Мирот и дискрецијата овде се загарантирани со оглед на тоа дека овде нема автомобили посетителите пристигнуваат со малите автомобили кои ги користата голф играчите. Со само еде хотел и два ресторана ова е вистински рај за душа и тело.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР