Новите колекции на линиите на Hugo Boss пристигнаа. Новата сезона носи трендови кои во моделите на BOSS се реинтерпретирани на софистициран начин задржувајќи ја автентичноста на брендот, но внесувајќи и свежа енергија за нови почетоци.

Во линијата на Hugo Boss особено доминантна е каки бојата-модерна и неутрална, лесно прилагодлива на сè што носите.

Колекцијата на Boss Orange нуди модели кои пренесуваат млад, ведар дух и асоцираат на студентските денови. Неизбежните фармерки, маици со апликации, бомбер јакни и други впечатливи модели за префинет, лежерен изглед.

Како и секоја сезона, колекција на Boss Green има спортска линија. Лесните јакни се водоотпорни и дополнети со интересен принт на стилизирани бранови.

Во колекцијата HUGO преовладуваат неутралните тонови и разиграни растителни принтови кои ги балансираат земјените бои.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреирајте илузија на повисоки и поголеми простори!
Следна објаваНакит со прекрасни минијатурни сцени!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ