Трендовите на убавина од 90-тите се вратија во голем стил!

Времето на 90-тите…. беше  интересно време во светот на убавината и шминкањето. Но сега тие трендови на убавина како да се вратија во мода, секако – малку поприлагодени од порано. Откријте кои 7 трендови на убавина од 90-тите, сега ги обожуваме….

Кармин со смеѓа боја

Во 90-тите, сите cool девојки (Gwen, Naomi, Kate, Drew) носеа смеѓи кармини во чоколадни нијанси. Во 2017. пробајте со нешто повеќе виолетова, одберете моливче за усни во истата нијанса.

Сина боја на очите

Силната сина боја во 90-тите, се носеше на комплетно целиот капак на окото. Сега ја гледаме како суптилна линија на капакот или изблендирано на аглите на капаците.

SHAGGY фризури

Ах, таа Rachel…односно нејзината фризура која ги обележи 90-тите! На среќа сега доаѓа во подолга, слоевита варијанта, која совршено го обликува лицето.

 

Укосници и штипки за коса

Се сеќавата ли на оние огромните пластични штипки за коса кои вие или вашата мајка постојано ги носеа во 90-тите? Денес, украсите за коса се вратија во голем стил и сега ги наоѓаме елегантни, металик варијанти, кои совршено стојат со не уредна пунџа!

Француски маникир

Овој тренд се носи сега, во нешто помодерна, уметничка варијанта!

Монистри, монистри и светки!

Што се однесува до шминката на очите, во 90-тите се носеа многу светки и монистри. Колку и да изгледало забавно, сега ги носиме во нешто посуптилна варијанта на капаците и на образите….

Висока опашка

Britney прва го имаше овој изглед во својот хит – “Oops! I Did It Again” . Последниве неколку години sвездите како J.Lo и Beyoncé, ги носат постојано во сите варијанти со минимално накит.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVans и Opening Ceremony лансираа прекрасни патики!l
Следна објава14 прекрасни идеи за декорирање на велигденските јајца!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР