Сигурно ги знаете сите вежби за одржувањето на интелегенцијата и меморијата во топ форма, но дали сте знаеле дека тајната на долг и среќен живот можеби се наоѓа во броевите 5,3 и 1?  Истражувањата покажаа дека со само неколку минути дневно медитација и благодарност, можете да ја зголемите енергијата, редуцирате стресот  и да ја поправите можноста за донесување на брзи и одлични одлуки. Во продолжение прочитајте што треба да направите за да ја искористите оваа моќ на овие три волшебни броја….

Медитирајте 5 минути секое утро.

Студиите докажаа дека само 5 минути тивка медитација за опуштање, може да да го зголеми протокот на енергијата, да го редуцира стресот и да го зголеми нашето внимание. Не знаете од каде да почнете? Ви предлагаме да ја симнете апликацијата за медитација на својот паметен телефон и само пратете ги упатствата.

Направете листа на 3 добри работи кои ви се случиле во денот.

Ова буквално може да биде било што – сте добиле комплимент од шефот, сте имале супер ручек, сте сретнале стар пријател. Позитивните аспекти од важиот живот, ве прават свесни за се што имате и на што треба да сте благодарни.

Почестете некого со 1 љубезност.

Почестете го колегата од работа со кафе или испратете и порака на вашата сестра “те сакам”. Секако не мора да глумите Мајка Тереза, за да измамите еден осмев на нечие лице.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Calico“ е најшарената куќа од надвор и од внатре!
Следна објаваVans и Opening Ceremony лансираа прекрасни патики!l
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР