Ракот е болеста која можеби ќе го обележи периодот во кој живееме. Им се восхитуваме на сите борци кои ја добија, изгубија или ја водат битката со оваа страшна болест секојдневно.

Во 2014, фотографот Lora Scantling го документираше периодот на битката на три малечки девојчиња кои се бореа со оваа болест. Сега, после три години, имаме една победничка повторна средба на трите девојчиња, поздрави и посреќни од било кога!

Таткото на Лора во тој период бил во последниот стадиум на белодробен канцер, што и даде силен мотив да пренесе емоција која би се опишала со илјада зборови. Таа го избрала детскиот канцер, бидејќи нејзината пријателка го изгубила нејзиниот син во минатото. Со едноставен статус на фејсбук, таа ги пронашла три-годишната Rylie, шест-годишната Rheann и четири-годишната Ainsley. Овие три мали херои не се знаеле се додека портретот не бил направен, но тоа воопшто немаше влијание на нивното инстант-брзо другарување.

Во 2014, фотографијата документираше три девојчиња кои се прегрнуваат и си дават меѓусебна поддршка. Сега, во 2017, фотографијата е еднакво емоционална и моќна. Новиот портрет ги претставува трите девојчиња во ново руво, исполнети со благосостојба, силен дух и комплетни победници на ракот. Тие ја држат превитканата златна лента, која ја симболизира свеста за детскиот канцер.

Ракот е како змеј“ – рече Rheann.

Да, и хемотерапијата е принцот“ – одговори Ainsley.

Ракот си играше со погрешните принцези“ – додаде Rylie.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVictoria Beckham и Target: дизајнерски модели по достапна цена!
Следна објаваПролетно освежување на вашата спална соба!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР