Куќа која потсетува на колибата на Снежана

Во малото гратче Олала во Вашингтон, на улицата 3395 Hidden Valley Way се наоѓа една мошне оригинална и чудесна куќичка која локалните жители ја нарекле „Куќичката на Снежана“ од цртаниот филм „Снежана и седумте џуџиња“. Всушност, целата уличка е со куќи како од некоја приказна на Dr. Seuss. Ако некогаш сте посакале да живеете во бајковита куќичка, можете да си ја купите оваа куќичка којашто од неодамна е ставена на продажба.

Уште на прв поглед се гледа дека уникатната куќа е правена со многу љубов и посветеност. Изградена е во доцните 70-ти години и има интересен облик и уште поинтересен и оригинален покрив и опкружена е со бујно зеленило. Целото земјиште е со површина од околу 30 000 метри квадратни, па би била убава локација за некое престојувалиште или хотел каков што нема на ниту едно друго место во светот.

 

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР