Неделен хороскоп од 06.03 до 12.03. 2017 година!

Овен

Работа: Се наоѓате во една помалку “нејасна” ситуација и ќе ви се чини на моменти дека сте жртва на нечија завера. Ќе биде присутен судир во бизнис интересите. Бидете самоуверени и контролирани во своите постапки.

Љубов: Немојте да дојдете во искушение да седите на две столици. Бидете искрени во љубовните односи.

Здравје: Болки во нозете.

Бик

Работа: Ве очекуваат значителни промени и унапредување на работното поле. Ќе бидете во позиција значително да ја зголемите својата заработка. Помош од авторитетна личност.

Љубов: Ако сте во сериозна врска треба да се решите на следниот чекор. Во браковите ќе владее хармонија.

Здравје: Внимавајте на ушите.

Близнаци

Работа: Немојте да реагирате брзоплето како вообичаено и со тоа да испуштате убави прилики. Ќе морате да уважите и туѓо мислење во периодот кој следува. Можни штети. Чувајте го новчаникот.

Љубов: Слободните преставници може да запознаат личност од станство, додека на зафатените партнерот ќе им “гледа низ прсти” за нивното однесување.

Здравје: Стрес.

Рак

Работа: Семејните проблеми ќе се рефлектираат и на вашето работно поле и можно е да ве попречат во извршувањето на работните обврски, сепак финансиската состојба ќе ви биде стабилна. Можно е кратко патување во странство.

Љубов: Ви претстојат расправии во љубовниот живот, затоа се препорачува да не реагирате премногу чувствително.

Здравје: Настинка.

Лав

Работа: Очекувајте позитивни резултати во престојниот период. Среќата ќе биде на ваша страна. Влегувате во период кога ќе го крунисате вашиот професионален успех.

Љубов: За вас е од големо значење да имате сигурност во врската. Можеби еден Бик ќе ви го овозможи ова чувство. Со среќа!

Здравје: Болки во колковите.

Девица

Работа: Очекувајте добра понуда и тоа од некој од кого најмалку очекувате. Од важно значење е да ги сочувате добрите односи со вашите соработници.

Љубов: Ќе бидете со променливо расположение во периодот кој  следува. Изгледа ќе мора Вие да бидете нова страна која што ќе мора да попушти.

Здравје: Проблеми со носот.

Вага

Работа: Ќе бидете во позиција да решавате некое имотно прашање многу важно за вас. Во однос на работата некој ќе се обиде да ви помогне и да ги поддржи вашите идеи и планови.

Љубов: Ве очекува љубовна романса со помлада личност од вас.

Здравје: Болки во стапалата.

Шкорпија

Работа: Периодот на владеење на Риби за вас ќе значи голем успех на финансиско поле. Очекувајте помош од женска личност.

Љубов: Ќе се појави можност да ја сретнете вашата сродна душа. Ако сте во брак добар период за планирање на проширување на семејството.

Здравје: Главоболки.

Стрелец

Работа: Со успех ќе ги завршувате своите работни обврски. Потрудете се да ги исплатите своите заостанати долгови. Внимавајте во сообраќајот.

Љубов: По се изгледа дека љубовните врски на стрелците во овој период ќе функционираат “секој на своја страна”.

Здравје: Болки во зглобовите.

Јарец

Работа: Бидете реали во своите желби и така ќе можете да привлечете бизнис партнери со кои ќе можете успешно да соработувате и да ги покажете вашите способности.

Љубов: Можни несогласувања со партнерот. Внимавајте на вашето однесување. Не реагирајте импулсивно.

Здравје: Внимавајте на повреди на нозете.

Водолија

Работа: Ќе успеете да склучите важен договор или да направите некоја успешна трансакција, нешто за што сте мислеле дека е невозможно сега ќе ви се оствари. Покажете самодоверба сега ќе ви биде најпотребна.

Љубов: Некој мисли на вас со ист интензитет како и вие на него. Очекувајте средба лице в лице.

Здравје: Болки во ‘рбетот.

Риби

Работа: Ќе бидете екстремно амбициозни во периодот на владеењето на вашиот знак. Ќе постигнете успех во работата но при тоа мал совет, внимавајте некој да не ве прелаже.

Љубов: Можна врска со личност од знакот на Девица. Среќно!

Здравје: Забоболка.

 

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР