Минималистичкиот стан кој го дизајнираше архитектонското студио Sergey Makhno Architects во Киев, креиран е првенствено да биде функционален. Домот се дефинира како пријатен простор за дружење и релаксирање, погоден за продуктивна работа, но и за одмор со книга во раката по долгиот и напорен ден.

Отворениот простор и трпезаријата, делуваат како јадро и место за собирање во куќата. Тука големиот контрст кој постои помеѓу темперетурата на боите создава динамичен, скоро хипнотизирачки впечаток. Зелената софа и фотељите го привлекуваат поглед наспроти неутралната бела и сивата позадина.

Лустерот во облик на паукова мрежа над масичето, го смалува опсегот на ова подрачје, но истивремено и придодава на минималистичката геометрија која го прави идентитетот на овој стан во Киев. Вградените плакари и модерната гардероба се сокриени потполно од видот.

Кога ќе зачекорите во главната спална соба, ќе откриете прозрачен смирувачки енетриер. Бојата на орев и прозорите од подот до плафонот, ја прават оваа соба мирна и удобна.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПроизвод за убавина кој треба да го имате секогаш со себе!
Следна објаваЕдна од најубавите сцена на пролетта која доаѓа!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР