Тешко е да се замисли телефон поквалитетен од култниот Nokia 3310, затоа и не не чуди што цел свет полуде кога разбра дека Nokia го враќа својот носталгичен модел. Претставен на MWC во Барселона, силен, цврст и сигурен, таканаречен “цигла телефон” повторно докажа дека е синоним за неуништив и класичен модел кој (се надеваме) ќе го доживее успешното враќање.

Тешко е да се подобри совршеното, но овој модел се враќа со екран во боја и 2 MP камера. Тенок со шарен дизајн, ќе биде достапен во топла црвена, жолта, темносина и сива боја.

Од Nokiа се фалат дека креирале телефон кој (во stand-by) не морате да го полните месец дена, а време на разговор кое можете без пауза да го направите со него изнесува 22 часа. Телефонот вклучува и приклучок за слушалки, микро USB полнач и нов 2.4″ поларизиран, заоблен екран за подобро читање на сонце.

Новата верзија на култната и носталгична игра “Snake” ќе биде достапна за играње преку Facebook Messenger.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНе традиционални невести!
Следна објаваНема да верувате каков дом се крие во старата цементарница!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР