Ви прикажуваме 6 славни девојки кои за својата венчавка одбрале помалку традиционални невестински фустани, кои апослутно ги обожуваме!

SOLANGE KNOWLES (30)

Со својот венчален фустан, помладата сестра на славната Beyoncé, докажа дека е нај cool член на семејството Knowles. По овој совршен фустан од Kenzo, таа се пресоблекла во модел комбинезон на Stéphane Rolland, заради кој и ден денес важи за една од најдобро облечената невести.

OLIVIA PALERMO (31)

Olivia Palermo би изгледала совршено и во вреќа за ѓубре, но нејзината облека на венчавката со потпис на Carolinа Herrerа, своевремено го одушеви модниот свет. Пуловер ,кратки пантолони и везен тул преку се, изгледаша страшно шик. А и нејзиниот сопруг, германскиот модел – Johannes Huebl, не изгледа лошо….

DIANNA AGRON (30)

Поранешната sвезда на Glee, се омажи за пеачот Winston Marshall (од Mumford and Sons), во фустан на Valentino со круна на главата. На многумина оваа венчавка им изгледаше најмодерно, од било која предходно видена! 

POPPY DELEVINGNE (31)

Кога зборуваме за модните венчавки, секако треба да ја споменеме Poppy (постарата сестра на супер моделот Carа Delevingne), која на својата венчавка го носеше фустанот на Emilio Pucci, која ја креираше Peter Dundas за нејзината венчавка.

LYDIA HEARST (32)

Модел и глумица – одбра за својата венчавка фустан од Christian Sirianо со омбре ефект. Женствена и забавна, која во исто време остава впечаток на личен карактер.

PIPER PERABO (40)

Таа се омажи за колегата – глумецот Stephen Kaya, во сребрен фустан со долги ракави на Michael Kors, а ние сега се прашуваме зошто и порано фустаните за венчавки не доаѓаа во металик варијанта?

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОвој викенд детски претстави во МОБ
Следна објаваНовата Nokia 3310 ќе ве натера да го смените својот smartphone!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР