Македонската опера и балет ја информира јавноста дека МОБ продолжува со т.н. Детски викенд. Викедот кој ни предстои (сабота и недела, 04. и 05.03.2016 г), на малата сцена во МОБ ќе биде изведена детската претстава „Операта на шумските животни” во два термини, од 12.00 и 13.30 часот. Билетите се во продажба на билетарницата на МОБ 02/3118-451 и онлајн на www.mob.mk

Сценариото на оваа музичко-сценска претстава има за цел да ја запознае, едуцира најмладата публика примарно со поимите во однос на оперската уметност, а воедно и со композитори, оперски пеачи, солисти, режисер, хор и сценарист.Сценариото изобилува со многу комични моменти кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.

Музичкиот дел е исполнет со популарни арии од оперите: „Кармен”, „Палјачи”, „Аида”, „Травијата”, „Рита” и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.

Сценариото и режијата се на Десанка Глигоријевиќ

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMango лансира нова еко-модна линија
Следна објаваНе традиционални невести!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР