Супер 7 начини како од својот досаден и празен sид, да направите главна декорациска атракција и уметничка галерија во вашиот дом. Сем тоа, поголемиот дел од овие совети се ефтини и затоа продолжете со читањето и претворете го својот дом во необична мала галерија!

1. Креирајте (набавете) слика или повеќе слики, натписи или фотографии.

Ако сакате да ставите слики на sид, нека биде една одредена серија на слики, натписи или фотографии. Важно е сите слики, натписи и фотографии на sидот да имаат некоја заедничка порака или приказна, па дури и да се одлучите сите три комбинации да ги комбинирате заедно. Одлично би било кога би можеле да си поиграте со форматот и така да го исполните sидот со слични слики, во различни големини.

2. Не оставајте премногу слободен простор на sидот.

Никогаш една голема слика не е доволна да го пополни целиот sид.

3. Додајте полица или две.

Едноставен трик како sидот да го направите позабавен, е да додадете полица или повеќе полици и на нив да поставите некое “откриено” или од ваши раце создадено уметничко дело.

4. Покажете ги своите најдраги книги.

Со додавање книги на уметничкиот sид, ќе создадете карактер на домот и воедно тоа ве опишува вас, како личност. Така вашиот дом навистина ќе стане ваш единствен простор во кој ќе уживате да престојувате.

5. Одберете боја на sидот.

Ако сакате да играте на сигурно, одберете бела боја на sидот за својата уметничка галерија. Но ако сте храбри, поиграјте се со боите, како што се сивата или тиркизната, а за детската соба жолта боја.

6. Комбинирајте материјали и текстури.

Тоа правете го секогаш во декорирањето. Нека на sидот се најдат работи кои инаку не стојат на sид – бидете посебни!

7. Вклучете ги своите антквитети и колекции!

Вклучувајќи ги своите лични предмети кои нешто ви значат, ќе го направат домот далеку потопол и уникатен. Така домот станува дел од вас.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајексклузивните холивудски автомобили
Следна објаваЗошто треба да пиете едно до две кафиња дневно?
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР