Заврши најважната и најголемата филмска ноќ во годината. Златните статуетки на 89-тото доделување на Оскарите се поделени на своите нови сопственици- некои се изненадија, а некои беа очекувани. Извонредниот Jimmy Kimmel одлично ја изработи работата како водител. Дел смеење и дел озбилен говор со кои не почести, а публиката го наградуваше со силен аплауз.

Најголемиот добитник на вечерта е филмот “LA LA LAND” кој се накити дури со 6 големи награди – за најдобра главна женска улога, најдобра режија, оригинална песна, најдобра сценографија и најдобра снимателска работа! Во продеолжение прочитајте ги добитниците во главните категории за престижната филмска награда….

Во најочекуваната категорија, Oscar за најдобар филм 2017. им припадна (на големо изненадување и шок заради погрешно прочитаниот резултат) на “MOONLIGHT”. За најдобра главна женска улога е прогласена EMMA STONE, за улогата во филмот “La La Land”, а со Oscar за најдобра машка главна улога е награден CASEY AFFLECK за меланхоличната улога во филмот “Manchester By The Sea”. Oscar за машка споредна улога ја доби MAHERSHALA ALI за силната изведба во “MOONLIGHT”, додека Oscar за женска споредна улога ја доби VIOLA DAVIS за улогата “FENCES”.

НАЈДОБАР РЕЖИСЕР – DAMIEN CHAZELLE за филмот “La La Land”.

НАЈДОБРО ОРИГИНАЛНО  СЦЕНАРИО – KENNETH LONERGAN за филмот “Manchester by The Sea”.

НАЈДОБРО АДАПТИРАНО СЦЕНАРИО – BARRY JENKINS и TARELL ALVIN за филмот “Moonlight”.

Oscar за долгометражен анимиран филм доби “ZOOTOPIA”. Oscar за најдобра оригинална песна доби песната од филмот  LA LA LAND “City of stars”, како и JUSTIN HURWITZ за оригиналната музика во истоимениот филм.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPublic Room – оваа седмица
Следна објаваНајубавите фустани на црвениот тепих на Оскар 2017!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР