Поимот црвен тепих прв пат е спомнат пред 2.500 години во грчката трагедија “Агамемнон” и тогаш бил резервиран само за боговите, додека денес овој термин се врзува за холивудските sвезди кои пред големите церемонии парадираат по тој тепих.

Светски најпознатиот црвен тепих, секако е оној кој се поставува пред театарот Долби во Холивуд, каде утре ќе се одржи манифестацијата на доделување на филмскиот Оскар!

За тоа е задолжена компанијата Сигничер Системс Груп, која го изработува овој тепих  – поголем од 4.600 метри квадратни.

Поставувањето на тепихот е почнато оваа недела, а таа макотрпна работа компанија од Тексас го работи од 2008 година.

Екипата од 18 работници, почнала со поставувањето на црвениот тепих долж Холивуд булевар пред Долби, уште на 21 февруари а за целата работа им се потребни 900 работни часови.

Потоа по него и околу него, ќе се соберат sвезди, туристи, улични музичари, нервозни чувари, новинари и папараци.

Првиот црвен тепих е поставен во 1922 година на премиерата на филмот “Робин Худ”.

Неговото поставување е воведено за да знаат луѓето каде точно треба да се движат, гостите да не се лизнат или сопнат додека чекорат, но и заради гламурот кој го остава.

Обезбедувањето внимателно го чува тепихот, бидејќи се случувало минувачите да отсечат еден дел и потоа да го продаваат преку и- беј.

Тепихот после едно користење се уништува.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовите Chanel Gabrielle торби!
Следна објаваДенес е прочка – „Прости ми, да ти простам“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР