Веројатно секој од нас во детството очекувал дека кога ќе достигне одредена возраст, на пример полнолетство ќе почувствува како е да се биде возрасна личност, способна да се грижи сама за себе.

Меѓутоа, подоцна сфаќаме дека сè уште постојат ситуации во кои што не ни успева тоа.

Иако можеме самостојно да донесуваме одлуки, да возиме автомобил, да уживаме во чаша алкохол, сепак сме се фатиле самите себе си како се споредуваме со пријателите кои што веќе купиле сопствен стан или пак очекуваат дете, а вие сте пресреќни со вашите нови Лего коцки и со фактот што сте успеле да го одржите во живот вашиот кактус веќе една недела.

Не грижете се, не сте единствени на кои што единствен долгорочен план во моментот им е оброкот којшто ќе го имаат за вечера или пак вечер помината во најудобната облека со некој добар филм.

Холандската илустраторка Marloes De Vries потполно ги разбира сите ситуации во кои што иако сме возрасни луѓе сè уште се однесуваме како деца и одлично ги илустрира.

Започнала со илустрација за да може да ги разбере своите мисли и чувства, па продолжила со таа практика.

За повеќе секојдневни не толку возрасни ситуации заследете ја на Инстаграм.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР