Оваа мала слатка куќичка наречена “Sojourn” се наоѓа во идилично селце во Девон, Англија. Претставува место за вистински одмор и романтично прибежиште од урбаната џунгла. Иако селцето е мало, опкружено е со бујна природа и прекрасни мали градини. Викенд-куќата е уредена во рустичен стил со влијание од француската архитектура, со мирен и ненаметлив ентериер во едноставни палети на бои. Најубав дел е малата, скриена градина која нуди спокој за секој што ќе ја посети. Во градината има мал заграден дел за попладневно кафе, чај или летна вечера со најблиските. Иако е мала, куќата сепак изгледа модерно и елегантно. Уживајте во фотографиите во продолжение.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРачно изработена керамика инспирирана од оригами!
Следна објаваНајубавиот поглед во Кападокија – Турција!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР