Во годината во која „Златна Бубамара на популарноста“ го слави својот голем јубилеј, 20-тото издание, најпопуларната забавна манифестација кај нас и Бимилк обележуваат уште еден мал јубилеј – десетгодишно партнерство. Соработката која овие два големи македонски бренда  ја започнуваат уште во 2007 г. трае до ден-денес и од година на година им овозможува на сите љубители на квалитетната забава и квалитетната исхрана многу моменти за паметење.

Во изминатите 20 години секое издание на „Златна Бубамара на популарноста“ се раскажува до следното нејзино издание бидејќи станува збор за уникатен музички, хумористичен, културен и забавен настан за кој картите се продаваат за неверојатни 3 минути. Смеењето и доброто расположение го разубавуваат нашето секојдневие, а со правилната исхрана се совршена комбинација за здрав и исполнет живот.

Бимилк со својот познат бренд Баланс+ низ годините го дополнува, го разигрува и го придружува хумористичниот и забавен концепт на „Златна Бубамара на популарноста“. Креативните изненадувања, како интересните награди, загревањето со зумба на сцена, левитирачките столчиња, големите штулари и овогодишните впечатливи насмевкометри се само мал дел од иновативните концепти со кои Бимилк е присутен на „Златната Бубамара“. Големиот број расположени и насмеани посетители низ годините и прераскажувањето на ‘‘бубамарите‘‘ се доказ за успешното 10-годишно партнерство.

Комбинацијата на пријателските бактерии, пробиотиците и пребиотиците кои ги содржи Баланс+ му овозможуваат на организмот полесно апсорбирање на хранливите материи, како и намалување на надуеноста и ублажување на лошото варење кое го предизвикува консумирањето тешка и брза храна.

За совршен активен метаболизам идеална е комбинацијата на Баланс+ и смеењето, бидејќи така не само што го забрзуваме нашиот метаболизам и согоруваме калории, туку и го намалуваме стресот и се чувствуваме поубаво.

Заврши уште една „Златна Бубамара“. Сега со нетрпение очекуваме следната „Златна Бубамара“ заедно со Баланс+ повторно да нè изненадат и да ни овозможат уште една манифестација за која долго ќе се прераскажува.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваiPhone 7 во чест на годината на петелот!
Следна објаваКафе и книги | Книжевен блог во кој ќе се заљубите
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ