“Dynamic Tower”, Dubai

Во Обединетите Арапски Емирати, поточно во Дубаи за прв пат ќе биде изградена зграда која ротира. Планирано е таа да биде готова до 2020 година. Секој нејзин дел ќе биде посебно изработен за потоа сите делови заедно да бидат составени во една централна оска. Ќе има 80 ротирачки катови кои ќе бидат дизајнирани на тој начин да изгледаат како постојано да се движат. За да поседувате овде стан ќе ви требаат верувале или не, цели 30 милиони долари. Сопствениците на овие станови ќе ја имаат таа можност да го програмираат својот дом за тој да се движи постојано во насока на движењето на сонцето. Помеѓу спратовите ќе бидат вградени  турбини на ветар кои ќе овозможат  зградата да се напојува со струја. Погледнете ја како ќе изгледа!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерни ламби и лустери од Louis Poulsen!
Следна објаваGeox – динамични модели за удобно секојдневие S/S 2017
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР