Legend, е фински бренд кој се занимава со креирање на луксузни предмети, познат по своите позлатени телефони, а сега ни го претставува специјалното издание во чест на кинеската годината на петелот….

Бројни интригантни детали се видливи во дизајнот на овој модел на iPhone 7. Петелот е креиран од 24-каратно злато, окружен со традиционалните кинески симболи, а тој во својата уста држи осум среќни амајлии од кинеската култура кои се поврзани заедно. Како што се знае, бројот 8 има специјално значење во кинеската култура – се верува дека носи среќа, богатство и успех!

Трите од 4 агли на овој телефон се обложени со платина и рачно се декорирани со орнаменти. Трите симболи, Fu, Lu и Shu, се емајлирани и обложени со злато, а претставуваат божества на просперитет, статус и долговечност.

Цената на овој модел кој ја слави кинеската година на петелот е 3.390 евра, а може да се набави во ХонгКонг.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР