Да се остане смирен во секоја ситуација – теоретски е супер и едноставно, но во пракса – не! Посебно доколку шефот ви стои над главата, децата прават хаос во домот, телефонот не престанува да ви sвони, а синојќа сте спиеле само 4 часа. Е токму за такви ситуации е создадена алката WellBee (149$), нов дигитален изум чија цел е да ве информира за нивото на сопствениот стрес. И наводно, навистина делува!

Ставете ја алката, симнете ја бесплатната апликација и синхронизирајте ја со телефонот. Таа тогаш ќе почне да го мери вашето ниво на стрес, секој час и ќе го одбележи од 0 (најмал стрес) па се до 100 (најмноголем стес) и тоа според интервалот на чукањето на срцето. Интересно е дека ги користи информациите од вашиот online календар за да направи врска помеѓу вашиот распоред и вашето ниво на стрес.

Но, дали тоа може да не направи уште повеќе нервозни? – Да, можеби, но наместо да се жалиме на нашето ниво на стес и да не превземаме ништо во врска со тоа,  WellBe нуди серија на брзи вежби на медитација кои во кризните ситуации веднаш ќе го спуштат нивото на стресот. Истовремено, ќе ви помогне како самите да се истренирате и да се справите со стресот и да го држите под контрола.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAudi ќе настапи со RS Q8 моделот во Женева
Следна објава10 Совршени филмови доколку сакате мјузикли!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР