Реставрација на Националната Библиотека на Франција

Кога кохезираат елеганцијата на стариот свет и модерната функционалност, се добива плод на нешто толку убаво. 

Додека светот се труди да ја задржи недопрена автентичноста на старите библиотеки, ограничениот пристап, клуч на многу врати и присуството на остра строгост во воздухот, прогресивната Франција им дава нов, пристапен дух. Конкретно, за Bibliothèque Nationale de France (Националната библиотека на Франција).

После години реновирање, библиотеката се врати во својата величенствена форма, подготвена да открива толку ери на љубопитност кај Парижаните. Богатата архитектонска историја на самата библиотека, од високите тавани на читалната, до стаклените ходници, ја будат дополнително желбата да се прочита некое добро дело, или барем да се разгледаат богатите полици.

Главните предводници на проектот се Bruno Gaudin и Virginie Brégal, со помош на Jean François Lagneau кој ја редизајнираше читалната. Реновирањето чинеше повеќе од 110 милиони австралијански долари, а не вклучувајќи ја втората фаза која е во тек и се очекува да биде завршена во 2020.

Најголемата разлика е ефикасноста. Беше измислен пат до потребниот минимализам, а дури и беа инсталирани лифтови. 

Дали Ви се допаѓа старо-новата Национална Библиотека на Франција?   

SONY DSC

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР