Oваа елегантна куќа во Франција од 50-тите години, реновирана е од дизајнерката на ентериери Sara Lavoine, која создаде преубаво изненадување! Силни бои, важни детали и семеен дух, прават оваа куќа да ја разбуди желбата во нас….да останете тука засекогаш!

Сомотската палета на сината и зелената, внесува хармонија во големиот дневен простор со големи прозори, продолжувајќи надвор кон терасата. Внатре атмосферата е удобна , со поставените софи од сомот (Caravane) и масата за кафе од полно дрво (Sempre). Присутен е старинскиот допир од педесетите, кој се вклопува со модерните елементи. Фотељата со зелените сомотски перничиња и ламбата “Tri Pole”, даваат посебен ефект. На полицата до прозорот се наоѓа оригинално издание на ламбата Gae Aulenti.

Дрвената маса во трпезаријата (Heerenhuis) спремна е да ги прими членовите на семејството како и гостите. Свеќниците (Sarah Lavoine заLa Redoute) и шарената столица од Charlotte Perriand, се убаво вклопени со триколорните лустери од перфориран метал од Mathieu Mategot. На sидот може да се види огледало “Tania”, чиј автор е Hubert le Gall. Дрвента подна ламба “Architecte” (Editions Florence Lopez) убаво го пополнува просторот. На модерен начин, кујната изгледа како да нема изминато ниту еден ден од кога е направена, уште од 1956 година.

Библиотеката – читална е во потполност обложена со бука. Викторијанската маса и 4 црни плетени столици се поставени спроти каучот. Големите прозори го внесуваат дневното светло и создаваат идеален амбиент за читање и опуштање.

Во спалната соба за гости е користена бојата за sидови “Menthe”, која ги истакнува ноќните ламби во црна боја – Gras, како и малите ноќни масички (Red Edition од Atelier 159). На sидот има фотографија од Valérie Knight, која ја внесува богатата природа во ентериерот и асоцира на престој на отворено.

Во марокански стил, собата на ќерката-тинејџерка, повикува на журки со пријателите, со каучот-креветите покриени со платно (Caravane et Merci), столицата, старинските лустери, црвените ролетни (Elitis) и лични фотографии.

Купатилото е покриено со дабови даски, комплетно, на подот и sидовите. Дрвениот мебел (All Bath), огледалото и декорацијата (Laboratorio) го надополнуваат Spa изгледот.

Целокупниот декор дише со топлина и шарм на француска куќа на село, која повикува на уживање во преубав амбиент.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФутуристички дизајн на парфимерија во Париз
Следна објаваМаса поставена за Денот на вљубените!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР