Италијанскиот бренд Max & Co, повторно докажува дека е се што една девојка и жена може да посакува. Ако вредноста на традицијата, елеганцијата и квалитетот на модерните, тренди парчиња ги поврзувате со Max&Co, тогаш љубовта кон овој бренд ќе се засили кога ќе го погледнете нивниот накит и модни додатоци. Специјалниот проект на MAX&Co со Swarovski, е дефинитивно љубов на прв поглед. Колекцијата е инспирирана и дизајнирана од различни теми: ѕвезди, ноќни светла и блескави бои и презема понатамошна инспирација од најновите трендови во светот на накит. Всушност едни од најубавите, најсветкавите и највпечатливите парчиња накит се токму овие. Совршени за подарок но, исто толку совршени да се разгалите и да си дозволите малку светки во вашиот живот. Почетокот на една долга љубовна врска започнува од овие светкави фотографии.

Накитот е претставен во минималистичка кутија спремен да ви предизвика максимално искушение. Што да oдберете?

Прекрасни обетки со кристали во форма на ѕвездички во нежна и романтична праскова боја.

Шармантно ланче со медалјон полно со кристална прашина или ланче со нежен привезок со ѕвездичка и кристали?

Ако барате пак совршен подарок за елегантна дама тогаш вашето решение  е прекрасен комплет од огрлица и алка со црни кристали.

Одлични црвени, жолти, сини, црни и сиви рокерски, светкави алки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAlexander Wang одушеви на NYFW!
Следна објаваПрекрасното куче Shiba Inu како инспирација!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ