Андријана Мациев спаѓа во помладата генерација на македонски ликовни уметници. Слободоумна, храбра и независна млада жена која е голем  љубител и заштитник на животните, неуморно твори секојдневно,  пренесувајќи ја својата ведра природа на своите платна, кои се наративни, со доза на мистичност и надреална симболика. Дозволете да ве запознаеме од поблиску со оваа прекрасна личност.

Дивианартс: Во пошироките ликовни кругови вашето име е доста познато, а вашата професионална лична карта е многу обемна. Време е пошироката читателска публика а посебно вљубениците во уметноста да дознаат нешто повеќе за вас!

Андријана: Ако зборувам за љубовта кон уметноста таа е присутна уште од мојата рана возраст, несакам да звучи како познато клише. Кога требаше да се одлучам каде да го продолжам своето школување, без двоумење тоа беше средното уметничко училиште “Лазар Личеновски” на одделот графика, за потоа неколку години подоцна да продолжам на факултетот за ликовни уметности во Скопје повторно на истиот оддел–(графика). По завршувањето на студиите нормално беше да продолжам во насоката која беше мојата животна цел. Веќе десет години успешно “пливам” во уметничките води творејќи секојдневно и со голем број на активности како што се самостојни и групни изложби, колонии, ликовни манифестации, арт хепенинзи како во нашата земја така и надвор од неа.

Дивианартс: Индивидуалноста на еден уметник е од големо значење, како вие ја негувате вашата.

Андријана: Секако дека е многу важно за еден уметник да се стреми кон индивуалност. Јас се стремам да го изградам својот стил и тој да биде препознатлив. Среќна сум и мислам дека успеав во тоа, бидејќи кога ќе се спомене моето име веќе се знае за моите дела и нивната специфика.

Дивианартс: Кои се најголемите предрасуди со кои сте се соочиле како уметник.

Андријана: Ми се допаѓа прашањето!♡ Има безброј предрасуди, но затоа јас ги кршам поточно речено ги “трансформирам”. Знаете како, кога една личност ќе созрее нема повеќе да ја интересира туѓото мислење а со тоа веќе и предрасудите нема да постојат. И јас, како и повеќето мои колеги сум била во позиција да слушам како од уметноста “не се живее” и ред слични нешта. Уметноста ги крши тие стереотипи, а и ние како уметници. Јас лично сум многу среќна бидејќи живеам од и за уметноста и се повеќе доаѓам до нови можности кои само со уметност може да се достигнат. Светот е толку голем што ни овозможува да ги достигнеме и постигнеме сопствените цели. Јас го пронајдов моето место под ова небо и благодарна сум на Бог за талентот кој ми го дал и што ми ги отвори портите во оваа прекрасна авантура наречена уметност.

Дивианартс: Вашите дела изобилуваат со блескаво суптилен колорит до експресија, но и фигурација и апстракција, а при тоа акцентот е ставен на индивидуалноста како творечка сила која ги носи со себе промените. Каде ја наоѓате ви е вашата инспирација.

Андријана: Со голема слобода можам да се пофалам дека само уметникот е тој што може постојано да истражува и да бара инспирации буквално насекаде. Јас за својот личен ракопис би кажала дека е токму таковкако што сте го опишале во насловот на овој текст! За себе честопати можам да кажам дека го живеам “животот во боја”, затоа и моите дела изобилуваат со бои, колоритетот е и мојот личен белег, форми кои ги гледам како едно ново раѓање, нов живот, експресија, а во истовреме емотивната сосотојба но и благодедтта на животот. Јас сум голем вљубеник во природата, ги сакам животните и го негувам спортскиот стил на живот. Ги сакам моите блиски(моето семејство), моите пријатели, едноставно сакам да се дружам со луѓе кои се на моја бранова должина. Често пати кога шетам со своите кутриња ми се случуваат “наплив на емоции” и на шега знам да им речам ајде да одиме дома да цртаме.. Секогаш ја гледам убавта страна на животот, а кога човек е духовно исполнет може со леснотија да твори и создава убави нешта.

Дивианартс: Изложбата на еден уметник е убав показ за неговите моментални трагања, кои се вашите моментални ангажмани и дали планирате изложба во скоро време.

Андријана: Секако дека изложбата е печат на уметникот за неговото творештво. Јас имав плодна година минатата 2016 беше одбележана со моја самотојна изложба во галеријата во Безистен Скопска чаршија за потоа да следи изложба во Домот на култура во Кавадарци ,во Амам Гевгелија, за веќе во месец Ноември ја имам и мојата самостојна изложба во Белград,многу успешни ликовни колонии во Мадеонија и по Балканските земји. Тука би кажала дека бев учесник на Франкофонискиот фестивал во Созопол Р. Бугарија каде со моите колеги од Мк учествувавме на меѓународната ликовна колонија и ја претставуваме нашата земја. Но и оваа година за мене е предизвик. Годинава од Министерството за култура одобрени ми се мои два проекти,мојата самостојна изложба во Културно информативниот центар во Софија Р Бугарија, потоа самостојна изложба во  ДемирКапија, Струмица, Гостивар…и бидејки се уште е почеток на годината се надевам дека ќе следат уште активности кои ќе ја одбележат мојата работа.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР