Дали можеби знаете каде е снимен познатиот филм “Passion” во режија на Mel Gibson? Тоа е познатото место Matera кое е сместено во карпести зидини, а е лоцирано нa најистакнатиот дел на штиклата од чизмата.

Ова питорескно гратче е создадено од остатоци од пештерата на средновековниот град Sassi Di Matera, кој е стар римски град сместен во регионот Basilicata.

Овде куќите се слоевито поставени и се исклесани од камен. Ако појдете на разггледување на ова прекрасно место, ќе бидете фасцинирани од спектакуларните пејсажи кое тоа ги пружа, а сето тоа, надополнето со убавините на двете езерца Rione Sasso Barisano Rione Sacco  и Caveoso.

Позначајни зданија кои можете да ги посетите се катедралата “Piazza della Civita” која датира од XIII век и “Palazzo Lanfrachi”, музеј од седумнаесетиот век кој изобилува со вредни уметнички дела. Покрај овие две знаменитости позначајно место е и црквата “Tramonato castle”, изградена во арагонски стил, а во моментов е во тек голема реставрација на истата.

Прекрасна туристичка дестинација за сите љубители на историјата, уметноста и археологијата. Погледнете го!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР