Познатиот американски бренд за облека “GAP” минатата недела ја претстави новата кампања инспирирана од 90-те години од изминатиот век, за која ги ангажираа децата на познатите личности со надеж дека повторно ќе бидат популарни како некогаш. За новата кампања за пролет/лето 2017, модниот бренд одбра да ги вклучи децата на амбасадорите на брендот во 90-те, како што се Лизи Џегер (ќерка на Мик Џегер), Румер Вилис (ќерка на Деми Мур и Брус Вилис), Челзи Тајлер (ќерка на Стивен Тајлер), Коко Гордон (ќерка на Ким Гордон), но и Наоми Кемпбел. Кампањата носи наслов “Generation Gap”, а во продолжение погледнете некои од новите тексас модели.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОставете ги овие 6 трендови на убавина во 2016.!
Следна објаваБосилек, лаванада и рузмарин за денот на вљубените!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР