Доколку сте голем љубител на животни, овие 7 светски дестинации се како создадени за вас!

НАИРОБИ, КЕНИЈА

Сте се запрашале ли некогаш, како би било да ручате покрај овие прекрасни суштества? Хотелот Giraffe Manor, се наоѓа веднаш до главниот град на Кенија, каде можете од близу да ги видите, како никаде во светот. Прекрасниот хотел кој е во самиот ресорт, ги служи луѓето но и жирафите – кои често пати проверуваат низ прозорот, што имате за доручек….

TOKИO, JАПОНИЈA

Ако сепак повеќе ги сакате мачките, Јапонија ќе ве воодушеви. Во ресторанот Nyafe Melange, можете истовремено да уживате во јадењето и пиењето, но и да се дружите со мачките. Сакате да го земете своето милениче со себе, нема проблем. Во Токио има многу pet-friendly хотели, така да вашата мала принцеза нема да пропушти ништо.

КРИСТАЛ РИВЕР – ФЛОРИДА

Оваа сончева американска држава нуди многу повеќе од обичните тематски паркови. Пливање со морските животни во King’s Bay Wildlife Refuge ресортот или да се возите со стаклениот брод по реката Homosassa. Можеби ќе видите и некој алигатор, само не им се доближувајте..

ГАЛАПАГОС, ЕКВАДОР

Овој арипелаг е дом на илјадници ретки видови на игуаани, гуштери, морски желки, пингвини и морски лавови. Предлагаме да размислите за 11 дневна тура со World Wildlife Fund, каде непречено ќе ја истражувате природата.

ГОЛЕМИОТ КОРАЛЕН ГРЕБЕН, АВСТРАЛИЈА

Кога зборуваме за ронењето, нема подобро место на светот од австралискиот корален гребен. Кристалното сино небо, ќе ве воодушеви со својот богат животински свет. Доколку не сакате во вода, илјадници видови на пеперутки, јастреби, гуштери, жаби, клокани и други, се наоѓаат во оваа Queensland утопиа.

ОСТРОВОТО БАФИН, КАНАДА

Дали некогаш сте сонувале да се санкате со 20 неверојатни хаски? Тогаш морате да резервирате пат до островото Бафин, домот на поларните мечки, арктичките волци, китови и бројни други животни.

ЧИНГ МАИ, ТАЈЛАНД

Elephant Nature Park, е парк каде се спасуваат и чуваат малтретираните слонови. Посетителите можат да ги хранат, капат и секако, да се фотографираат со овие неверојатни, величествени суштества. Плус, кучиња, мачки и бикови кружат во самиот парк.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОвој ремен – корсет е хит на социјалните мрежи!
Следна објаваНеобична триаголна куќа во Јапонија!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР