За да живееме поздраво, пратиме три правила – пиење вода, вежбање и консумирање на здрава исхрана. Но, некои од нашите редовни навики можат да бидат штетни за нашето здравје, а за тоа да не сме ни свесни. “Harper Bazaar Australia” неодамна ги истакна вообичаените грешни одлуки кои ги носиме, кога здравјето е во прашање. Во продолжение прочитајте кои се тие…

Погрешно сфаќање за безглутенската храна.

Да се откажете од глутен е добар избор и може да ве спаси од проблемите како што се надуеност и затвор, но ако мислите дека глутен – фри производите се автоматски здрави, се лажете. Нездравите грицки без глутен, и понатаму се преработени, а пакуваната храна треба да се сведе на минимум.

Не си давате доволно време да се исклучите...

Постојано сме со мобилните телефони во рака, од комуникација со пријателите и фамилијата до службени разговори. Но, нашата постојана врска со апаратите ја црпи нашата енергија, го вознемирува циклусот на спиење, а може да доведе и до додатен стрес. Барем неколку часа неделно, морате да ги одвоите апратите подалеку од вас.

Не го слушате своето тело

Кога имате забрзан и густ работен распоред, често пати не давате значение на тоа што телото ви зборува и какви пораки ви праќа. Кога вашето тело не се чувствува добро, обидете се да одговорите на овие прашања – дали е тоа заради храната која сте ја консумирале? или зари нешто што психички ве мачи? Морате да размислите добро и да го слушнете телото, пред тоа да го земе својот данок.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Обичен човек“ на Башески на изложба во Данска
Следна објаваНајдобри кожни јакни за оваа пролет!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР