Доколку вие или некој ваш близок планира брачно патување или меден месец, а немате голем буџет за патување, тогаш сигурно имате проблем. Немате многу опции кои ќе ги задоволат сите ваши желби…токму затоа одбравме топ 4 најдобри локации во Европа, кои ќе го задоволат сечиј вкус. Важно е одбраната локација да ја прилагодите според вашиот буџет, географската локација која ви одговара, која ве интересира, сезоната во која патувате и секако – тоа да биде ваша и на вашиот партнер желба.

Хрватска

Не мора многу далеку да патувате – Хрватска е место со преубави тајни плажи и неоткриени места. Морето е чисто со прекрасен песок и боженствена гастрономија. Хрватска се вбрјува меѓу евтините дестинации во Европа.

Ирска

Можеби ви се чини како нетипична дестинација за брачно патување, но паровите кои обожуваат природа, дивина и активен одмор, ќе ја засакаат. Ирска има неверојатно евтино сместување, а нивните предградија се едни од најубавите на светот. Планинарете заедно, возете точак и шетајте до заоѓање на сонцето. Дворецот Lough е сместен на западниот брег на Ирска, што го прави единстевен доколку останете на една ноќ. Може ли поромантично од тоа? Плус, ако оваа дестинација беше доволно добра за брачно патување на Kim и Kanye, тогаш ни вие нема да се пожалите….

Париз

Градот на љубовта, ултимативно е најромантичното место. Како најпопуларен град во Европа, што новопечените парови го бираат за прв заеднички одмор, Париз и не така скапа дестинација – што се однесува до сместување и авионски карти. Ако почнете доволно рано да планирате и резервирате, можете да најдете неверојатно добри понуди. Романтичната атмосфера во градот се чувствува на секој чекор, а прекрасните сеќавања никогаш нема да ги заборавите.

Португалија

Иако е често запоставена како дестинација за брачно патување, во Португалија ќе наидете на најромантичните плажи на Медитеранот. Најдобро од се: таму нема да најдете ни приближно толку луѓе и туристи, како во соседната Шпанија. Algarve е и понатаму најпопуларната локација во Португалија, посебно на лето. Ако имате време посетете го и Лисабон и националниот парк Sintra-Cascais.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајслаткото суши на светот!
Следна објава„Обичен човек“ на Башески на изложба во Данска
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР