Ова би требале да знаете пред да одберете нова даска за сечење – старата, наверојатно ќе ја фрлите од кога ќе го прочитате текстов.

Crveno mesoКога бираме “комлет” за сечење на храна, поголемо внимание посветуваме на ножевите, отколку на самата даска.
Сепак постојат неколку работи кои треба да се земат во предвид во врскa со даските за сечење.

Пластичните даски за сечење се помалку хигиенски од дрвените.

Истражувањата направени на универзитетот во Висконсин, докажаа дека на дрвените даски опасната бактерија салмонела не се размножува, додека на пластичните преживува и се размножува.

Се работи за тоа што дрвeните даски се порозни, така да бактериите “потонуваат” под површината, каде што не можат да се размножуваат и на крај умираат. На пластичните даски, бактериите се собираат на изгребаната површина и се размножуваат со голема брзина, пишува”Daily mail”!

Но било која даска да ја користите, важно е да после секоја употреба темелно ја измиете и оставете добро да се исуши.

Менувајте ги штом ќе забележите пукнатини и гребнатинки или кога ќе почнат да ја менуваат бојата.

Имајте во предвид дека една не ви е доволна. Најдобро би било да имате најмалку две додека ја спремате храната. Едната за сировото месо, а другата за зеленчукот. Така ќе спречите ширење на бактерии од една намирница на друга.

Доколку немате две даски за сечење, прво исечето го зеленчукот а потоа сировото месо.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (06.02 – 12.02)
Следна објаваНајслаткото суши на светот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР