Oвен

Работа: Значаен период за напредување во работата. Сигурни материјални добивки ве очекуваат во наредниов период.

Љубов: Многу можно е да наидете на вашата сродна душа во периодот кој што следи.

Здравје: Проблеми со уринарните патишта.

Бик

Работа: Ќе планирате да вложите во нешто што ќе ви се исплати на подолгорочен период.

Љубов: Будење на старите страсти. За слободните престои интересна средба, а за зафатените значително подобрување на меѓусебните односи.

Здравје: Проблеми со видот.

Близнаци

Работа: Размислувате за започнување на нов бизнис или можеби отворање на нова фирма. Можно е да добиете понуда за добро платена работа, а можна е и соработка со странство.

Љубов: Ќе бидете поприлично сомничави во однос на партнерот, но без причина. Слободните, можно е да се сретнат со некоја стара симпатија или љубов.

Здравје: Проблеми со кичмата.

Рак

Работа: Концентрацијата ќе ви биде на ниско ниво во следниов период. Внимавајте како ги трошите парите.

Љубов: Засилена страст во врските и подобрување на љубовните односи.

Здравје: Болки во колената.

Лав

Работа: Искористете го периодов за реализација на вашите планови. Можно е да го решите прашањето околу вашето вработување.

Љубов: Имате конструктивна и отворена комуникација со партнерот. Слободата која ја имате во врската, ќе ви го даде потребниот елан.

Здравје: Кичмените пршлени.

Девица

Работа: Добар период за започнување на приватен бизнис. Финансиите ќе бидат на ваша страна.

Љубов: Влијанито на Марс и Венера ќе ве направи многу страствени. Останете приземјени.

Здравје: Дигестивен тракт.

Вага

Работа: Авторитативна личност ќе ве натера да се вклучите во важен проект. Што се однесува до финансиите, потрудете се да не трошите премногу пари.

Љубов: Размислувате за проширување на семејството.

Здравје: Мигрена.

Шкорпија

Работа: Чувствувате потреба да се осамосталите во работата, а во тоа ќе имате подршка на некоја личност.

Љубов: Можно познанство со некој од далечина, кое ќе прерасне во нешто посериозно.

Здравје: Проблеми со забите.

Стрелец

Работа: Спремни сте да појдете во посакуваниот правец. Ќе добиете деловна понуда од некој со кој сте соработувале успешно некогаш.

Љубов: Уживајте во убавите моменти со саканата личност.

Здравје: Проблем со стапалата.

Јарец

Работа: Бидете внимателни на кого му се доверувате на работното место. Можни интриги кои ќе бидат штетни по вас.

Љубов: Напнатост и расправии во врските.

Здравје: Пад на имунитетот.

Водолија

Работа: Финансиската состојба ви се подобрува. Вложувајте во недвижнини ако сте во можност.

Љубов: Партнерот ќе ви замери дека се однесувате “преслободно”. За слободните преставници, можна е врска со некој од работното опкружување.

Здравје: Внимавајте на уринарниот тракт.

Риби

Работа: Можно е да добите некое наследство или да подигнете кредит.  Одлучни сте да направите исчекор во вашата кариера.

Љубов: Прилично конфузен период.

Здравје: Проблем со стомакот.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваPlant Lamp – растение кое свети во темнина!
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (06.02 – 12.02)
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР