Книги во домот

Инспиративни предлози за складирање на четивата во животниот простор.

За страствените љубители на читањето, веројатно не постои попосакувана позиција за држење на книгите од сопствените дланки, или, пак, што поблиску до себе. Сепак, како што се зголемува бројот на прочитани книжевни дела, така расте и потребата за наменски простор во домот каде ќе можете да ги складирате истите. Покрај тоа што има практична и корисна намена, ова катче може да има и естетска и декоративна функција во ентериерот. Вам ќе ви овозможи повторно другарување со омилените четива секогаш кога ќе посакате, а на вашите гости и пријатели што подобро да се се запознаат со вашето хоби и пасија, со читателскиот вкус кој го негувате, но и завидната колекција на наслови што ја поседувате. Прашањето е: каде и како да ги поставите? Одговорот, пак, е мошне едноставен и гласи: Каде и да сакате и како вие најмногу љубите. Од посебно конструирана домашна библиотека, па се’ до искористување на слободните површини во било која соба, книгите ќе го облагородат амбиентот и ќе му дадат посебен карактер на секој агол. Во продолжение, ви претставуваме неколку креативни, убави и слатки предлози за чување на книгите во животниот простор. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваChanel: Чантички за пролет/лето 2017
Следна објава“Kammerspiel”- повеќенаменско парче мебел!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ