Што е она што и’ дава посебна италијанска нота на кујната? Повеќето Италијанци имаат одличен вкус за уредување, што соодветствува на нивната љубов кон домот и семејството. Како целина, нивните домови се елегантни, пријатни и добро стилизирани, балансирајќи помеѓу убавиот изглед од една страна, како и максималниот комфор и функционалност од друга. Ниту катчињата за готвење не се исклучок, а производителите на мебел и кујнски елементи на најдобар начин го рефлектираат тоа, потврдувајќи го врвниот квалитет на модерниот италијански дизајн. Во продолжение, ви претставуваме 25 современи теми за уредување на кујни со мала и голема површина. Тие се отворени, уредни и практични, со линеарен и геометриски дизајн, а со фини акценти и завршетоци кои се заслужни за индивидуалноста и уникатниот амбиент во просторот. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја за вашиот дом.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбава фотографија од Beyonce која очекува близнаци!
Следна објаваДетски викенд во Македонската опера и балет
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ