Спиејќи во шатор на островот Waiheke во Нов Зеланд, Chris Tate добил инспирација за дом со слична форма, којшто ќе ја има истата едноставност и убавина карактеристична за шаторите.

Оваа идеја подоцна се развила во проект којшто на Chris Tate му донел награда за најдобар резиденцијален ентериер.

По две години напорна работа проектот бил готов. Во текот на спроведувањето на проектот Tate наишол на неколку инженерски и архитектонски проблеми поврзани со безбедноста, бидејќи ѕидовите не се конвенционални, под агол од 90 степени. Испробани биле 30 различни опции за домот да биде функционален и да има добра структура.

На крај, потребно било да се определи која форма и кои агли се најсоодветни за да се максимизира просторот.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР