Сликите кои што се дело на уметникот Thierry Duval во продолжение се толку реалистични што лесно може да се помисли дека станува збор за фотографии.

Thierry Duval е илустратор и креативец во една маркетинг агенција во Париз, којшто започнал да се занимава со сликање уште во детството.

Откривајќи ја работата на сликарот Delacroix ја открил и својата страст за водени бои. Има нестандарден начин на нивно користење, кој се разликува од нивната традиционална употреба.

Таа техника му овозможила голема слобода на изразување. Неговите дела се карактеризираат со голема прецизност, необични бои и светлина. Секоја промена во употребата на водени бои на крај направила неговите слики да се неверојатно реални.

Од делата на Duval може да се забележи дека градот Париз е место кое го инспирира и се наоѓа во фокусот на неговите слики. Уметникот го претставува Париз како град на соништата, поетичен, носталгичен и безвременски.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР