543546_280618865346758_72542343_nПо успехот на „Ѓаволот носи Прада“ и „Секој што е некој“, Вајсбергер се враќа со приказна за три најдобри пријателки, чие заедничко ветување ќе ги промени нивните животи во целост. И тоа ќе ги промени сосема брзо.

Најдобрите пријателки уште од колеџ – Ли, Адриана и Еми се заглавени во комплетно зафатениот и прекрасен њујоршки стил на живот, но сепак можат да си го дозволат луксузот заедно да гледаат ,,Вовед во анатомија” и да си се жалат едни на други за нивните проблеми, најповеќе околу застрашувачкиот факт дека сите три се на работ од триесетката. Три различни судбини, три различни поплаки водат кон едно заедничко ветување, два склопени пакта, период од една година.

Но, за кој женски карактер како? Во крајност различни, но обединети во сопствените разлики една на друга служат како мотивација и потпора за драстично менување на животот во нивната втора третина од истиот.

Едната од нив ја напушта полигамичната навика и се стреми кон моногамија, сосема несвојствено за една фатална Бразилка; а другата по долгиот моногамичен завет и сонот во бело штотуку сместен во канта, иако не по нејзин избор тргнува на т.н нецензуриран Tour de Whore, пат околу светот – што во суштина, е сосема несфатливо бидејќи се’ што таа очекуваше од животот беше прстен и бебе. Третата, во принцип насочена кон унапредување на работа во рамноправен издавач во компанијата, не менува драстично ништо во својот љубовен живот, судејќи по тоа дека има совршено момче (за кое таа ноншалантно искажува дека всушност и не знае да се бакнува).

Иако содржината на насловната страница ветува многу стилски моменти од типот на безброј пара лубутенки или дијаманти од калибарот на Картие, потерата по совршениот маж – во овој случај Хари Винстон се перцепира како сосема споредна работа во животот на една модерна жена на прагот од сопствената зрелост и елан за иднина. Како што Миранда од ,,Сексот и градот” ќе рече: „како е можно успешни и паметни девојки да ја сведат својата цел кон мажите?“, така и ова женско пријателство нема да Ве остави рамнодушни, дури и да не сте љубител на добро познатата чик-лит литература.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКоја Дизни принцеза сте според хороскопот?
Следна објаваВетувања кон самите себе
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ