По прв пат боја на Pantone е инспирација на Airbnb, кој одлучи да го претстави апартманот за престој во Лондон, опишан со тренд бојата за оваа година  – “greenery”. Двата бренда одлучија со заеднички сили да го создадат “Outside in” престојувалиште во  Clerkenwell, нудејќи им на гостите да заронат во космосот на “зеленило”. Апартманот кој можете да го резервирате има вистински шумски влез, затворен стакленик кој служи како трпезарија, спална соба во градина со искосена трева, шатор за деца, кујна со растенија и ботачичка градина.

Апартманот е препол со интерактивни искуства – гостите можат да ги слушнат звуците од прородата, да ги користат растенијата од sидовите, да пијат чај кој самите можат да го наберат, да одберат растенија и самите да направат терариј-вазни, па дури и да наберат лисја и самите да креираат дизајнерски графики.

“Pantone 15-0343 “greenery” е топла жолто-зелена нијанса, која зборува за желбата да се исклучиме од секојдневниот стресен начин на живот и да ги наполниме батериите”, изјавија од Pantone. ”

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрв поглед на новата колекција за мебел на IKEA!
Следна објава“La La Land”, (романса на големото платно)
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР