Во пресрет на Денот на вљубените, модниот бренд Армани, како и секоја година подготви чоколадно изненадување во форма на бонбониера. Чоколадните бонбони се комбинација од бело и млечно чоколадо со вкус на ѓумбир и се вистински подарок за сите заљубени. Спакувани се во луксузна црвена лимена кутија и златна кутија во пакувања од 100, 200 и 300 грама, а цените се движат од 18 до 33 евра. Ако патувате низ Европа за Денот на вљубените, почестете се со вакво мало слатко чоколадно задоволство.