Било што на закопчување

Знаеме, знаеме: вашите омилени балетанки на врзување се и понатаму се хит. Но со овој едноставен update, чевлите добиваат прав edgy, punk look. И не, копчињата не се резервирани само за мото-чизмите, ќе ги гледаме на се, а и ќе ги обожуваме!

Необични детали

Дали се тоа цветчиња на вашите чизми? Оваа година ќе носиме привезоци, везени детали, апликации и принтови какви до сега немаме видено. Кажете им “чао” на досадните бели патики.

Било што металик

Ова се вистински statement чевли. Оваа година новата “неутрална” стана златната, сребрена или било која друга сјајна металик нијанса, која ја преферирате. Ќе одговара на се што е во вашиот гардеробер.

Спортски гумени папучи

Овие гумени папучи ги обожуваат сите, Rihannа, Kaley Cuoco, Kylie Jenner. Сем тоа многу се удобни.

SLINGBACKS

Искрено, ова се чевли кои ги носи вашата баба, ама многу подобри. Модерната варијанта на овие чевли би ги обожувала и самата Coco Chanel.

SLIP-ONS

Варијанти на овие модели може да видите насекаде околу вас. Ако ги немате, слободно набавете ги, оваа година ќе бидат во тренд.

Било што плишано

Не, овој материјал не е само stylish луксузен материјал во зима. Овој тренд ќе го гледате низ цела година на се, од патики, папучи па се до сандали.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПогледнете како изгледа најстуденото ( -50°C) село на свет!
Следна објава“Lash clock” часовник како скулптура!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР