Нутрционистите открија која храна ја јадат секој ден!

Нутрционистите открија која храна ја јадат секој ден!

Во денешно време има голем број на продавници кои нудат здрава храна и навистина е тешко да одбереме што е најдобро за нашето тело – посебно во време кога секој ден дознаваме за нова диета, нов начин на исхрана и нови супер намирници.

Истражувањата на Cornell Food и Brand Laba, откриле дека правиме околу 200 прехрамбени одлуки дневно. За подобро да објаснат, Women’s Health неодамна разговараа со три различни нутиционистки и ги прашаа кои намирници ги јадат секој ден. Еве што одговорија:

Зобна каша

Најдобар доручек со многу можности – додадете млеко и путер од кикирики , свежо овошје, тиква или чоколада. Полна чинија со цели житарки, здрави масти и протеини, ќе ве заситат до ручекот. Ако барате додатни протеини, додадедте јајце.

Тврдо варени јајца

Тие се извор на нискокалорични, но квалитетни протеини кои ве заситуваат. За време на викендот сварете повеќе јајца – рапоредете ги по порции (2 до 3 јајца на ден) и консумирајте ги како додаток за доручек или меѓуоброк на работа.

Кефир

Кефирот е одлична, брза, квалитетна протеинска и со калциум богата алтернатива на млекото. Можете да го испиете за доручек или додека патувате кон работа. Тој е богат извор на пробиотици кои помагаат за одржување на микрофлората. Можете да го пиете чист или да го измиксирате со смрзнато овошје и спанаќ, и да си направите едноставно фрапе.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодата во Казахстан
Следна објаваLouis Vuitton ја отвори првата pop-up продавница за мажи!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР