Дизајнерката Mariia Movchan се потпишува зад уредувањето на овој колоритен стан во Киев, со скромна површина од 42 метри квадратни, а наменет за потребите на младо семејство. Воодушевува со ведрината во ентериерот, почнувајќи од впечатливиот ѕид во сенф жолта боја, дезенираните тапети со пастелни триаголници, па се’ до шарените плочки и едноставните парчиња мебел. Се’ е одлично усогласено и сложено во една хармонична целина, со пријатен и мошне забавен амбиент за живот. Кујната, малата трпезарија и  дневниот престој се дел од ист простор, кој со претсобјето го обединува нежната тиркизна боја на поединечните елементи и ѕидови. Светлите подови од тиково дрво, бојадисаниот ѕид во нијанса на бело кафе и нежните тапети, пак, ја смируваат интензивната жолта боја која доминира во ентериерот. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја за вашиот животен простор.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТопла планинска куќа за зимско уживање
Следна објаваЖивот на -50`C, петте најстудени места на земјата
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ