Совршен амбиент во прекрасна зимска атмосфера нуди оваа викенд- куќичка сместена на планина во Колорадо, САД. Зад дизајнот се потпишува американскиот дизајнер Том Филиша кој имал одлична замисла при уредувањето на куќата. Сместена во мирно и спокојно место, далеку од градскиот метеж, во куќата владее пријатна атмосфера како во вистинска зимска приказна. Камин, големи прозорци кои даваат светлина и нудат поглед кон зеленило, мебел изработен од природни материјали, интересен дизајн на кујна со темно-сини елементи- сето ова придонесува оваа куќа да биде совршена за уживање и релаксирање. Ентериерот е во американски стил, со комбинација од рустикални, но и модерни парчиња. Како уникатно парче се издвојува креветот во спалната соба изработен од дрво обоено во црна боја, како и детската соба со живописни тапети кои се претопуваат во пејзажот надвор.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМладешки дух во пролетната колекција на Emporio Armani!
Следна објаваЗабавен и колоритен стан [42 м2]
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР