Да, драги наши читатели убаво прочитавте, Музеј под вода кој неодамна беше пуштен во Molinere Bay на Карибите. Jason de Caires Taylor е уметник-вајар и професионален подводен фотограф које истовремено е голем борец за заштита на животната средина.

Во изминативе десет години тој создаде неколку вакви музеи  со направени повеќе од 800 скулптури. Во музејот кој неодамна беше отворен во Карибите има повеќе од 300 скулптури и 12 инсталации. Една од најинтересните секако е 100 тони тешкиот зид покрај кој се поставени 200 човечки фигури во природна големина. Овој зид уште се нарекува и “Преминот рубикон” а кој е долг 30м а е висок околу 4м. Тој е изработен делумно од индустриски и делумно од органски материјали.

Зидот е замислен како еден вид на “споменик на апсурдноста”, а всушност целта на уметникот е да покаже дека териториите не се ничива своина туку дека и припаѓаат единствено и само на природата.

Тој вели вака:( Ова е точка од која нема враќање, и треба да ја подигне нашата свест на повисоко ниво во однос на заштитата на природната средина.) завршен цитат.

Погледнете како изгледа!

НЕМА КОМЕНТАРИ