Madonna ги воодушеви сите во провокативното издание на насловната на американскиот Harper’s Bazar за февруари 2017. Фотографиите ги направија Luigi & Iango, а пеачката носи Gucci тоалета украсена со кристали. Познатиот магазин истовремено го прослави и својот 150-ти специјален број. Madonna за часописот облече провокативен долен веш од Albertа Ferretti, La Perlа и Stellа McCartney. 

Во интервјуто, 58 – годишната пеачка зборува за времето кога била повредувана. “Секогаш се чувствував повредено – знам дека многумина ќе кажат дека е смешно тоа што го зборувам, заради фактот дека сум бела, богата и поп sвезда. Но низ целата моја кариера, трпев удари и тоа најмногу затоа што сум жена и затоа што одбив да живеам конвенционален живот.”

Madonna продолжува: “Создадов неконвенционално семејство. Имам љубовник кој е триесет години помлад од мене. Заради тоа на луѓето им е прилично непријатно. Ми се чини дека многу работи што ги правам, ги иритирам луѓето и правам да се чувствуваат непријатно..” 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваHENG Balance Lamp – необична лампа!
Следна објаваМузеј под вода ??
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР