Во рамки на џез програмата  “Show Room” во Јавна соба на 14.јануари ќе настапи  еден од најпознатите џез бендови од регионот, “Милан Петровиќ квартет”.

Милан Петровиќ е пијанист, композитор и текстописец, но музичката кариера и популарноста ја базира на настапи по целиот регион со својот квартет. Во 2012 се отскона со авторскиот албум “Excursion” кој е изработен во соработка со 38 најпознатиџез и блуз музичари од Европа(Васил Хаџиманов,  Душан Безуха, Wikluh Sky, Raw Hide, Blue Family и многу други) и закој добива одлични критики на повеќе музички поратли меѓу кои и Popboks.

Во Јавна соба на 14. јануарисо почеток во 21:30 часот, ќе го претстават “Dates” нивниот последен албум издаден во 2016, но и ќе ги изведат и своите хитови кои и се одлично познати на македонската публика.

Влезот во Јавна соба е слободен, но навремена резервација за овакви програмски вечери е задолжителна, велат од организацијата.

Уредник на програмата “Show Room” е Марко Василевски, а продукцијата е на Јавна соба, која ги отвора вратите за сите социјално иновативни проекти.“Show Room” e отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена, која има за цел да го претстави музички потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЏемпер со порака “Oставете ме на мира”!
Следна објаваМоќните модели на Balmain!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР