Доколку барате хотел за незаборавно и единствено искуство на едно од вашите следни патувања, погледнете ги нашите предлози….

The Dragonfly Suite: Tree Hotel, Шведска

Модерна куќичка на дрвја, потполно изградена од дрво и метал, нуди незаборавен поглед на шведската Лапонија.

Music Suite: Borgo Pignano, Италија

Во самото срце на руралната Тоскана, се наоѓа вила од 18 век која нуди 14 соби. Најновата соба е посветена на уметноста – во неа можете да најдете гитара па дури и клавир.

Harbour Crane, Harlingen, Холандија

Ова сместување нуди незаборавно, можеби и вртоглавно искуство. Редизајнирана стара пристанишна дигалга од 1967година, се користела се до 1996 година, но во почетокот на 2000 -та, добила нова намена -необично и незаборавно сместување.

Antarctica Suite, Hotel Ranga, Исланд

На јужниот брег на Исланд, на сат време од Рејкјавик, се наоѓа овој прекрасен хотел со 4 sвезди кој нуди возбудливи авантури – од разни експедиции до гледање на sвезди од дивината.

The White Rabbit Room, Glazebrook House, Англија

Изграден во 1670 година, оваа резиденција ќе ви понуди дел од минатото на рурална Англија.

Art Suite 365, Icehotel, Шведска

Сместен на 200 км северно од Арктичкиот круг, шведскиот леден хотел е еден од најдобрите хотели на свет. За да им овозможи на гостите да имааат незаборавно искуство 365 дена, со новата технологија на ладење го чуваат хотелот леден преку целата година.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПортокалови кујни
Следна објаваКреативно во Public Room Скопје
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР