Трите нови француски модни брендови кои мора да ги откриете

Кога е во прашање безвременскиот француски шик секако дека веднаш ни паѓа не ум стилот на французинките. Зборот (chic) е измислен како би можело да се опише неподносливата леснотија на француското постоење. Кај нив владее познатата изрека “Повеќе е помалку”, проследено со многу самодоверба и спонтаност.

Преку ден фамозните французинки носат фармерки со широк крој во комбинација со бела маица и сако во машки крој и секако сето тоа проследено со дискретна шминка. Навечер пак тие најчесто облекуваат широки здолништа во комбинација со кожена јакна.

Ви ги претставуваме трите модни бренда кои се релативно нови на модната сцена, а за кои секако треба и вие да ги откриете.

IRO

Париски “rock-chic” кој е многу популарен моден бренд меѓу французинките а кој вклучува комбинација на кожени јакни со твид.

THE COOPLES

Овој бренд е релативно новоформиран од страна на браќата Elich во 2008 година во кој најповеќе преовладуваат машки кроеви во креациите.

SANDRO

Модели во кои најдобро се искомбинирани гламурот со машките парчиња на гардероба.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР