Јавна Соба го носи македонскиот дизајн на регионалните фестивали и во 2017

Преку дизајнот и македонските производи создаваме една убава слика за Македонија

Јавна соба распишува повик за сите македонски дизајнери, дизајн студија и производни компании кои сакаат даги претстават своите најнови производи пред пошироката регионална публика на дизајн фестивалите во регионот и воедно да стапат во контакт со претставници на концептуални продавници и дистрибутери од соседнитедржави.Учеството е бесплатно и има за цел да го стимулира развојот на дизајн сцената во Македонија, во поглед на продуктивност, само-одржливост и иновативност.

Пријавата за учество може да се најде на следниот линк:

www.publicroom.org/projects/patuvacka-izlozba.html

“Време е да се охрабриме, умешно да го спакувамеи да го претставиме надвор од нашите граници сето она што неколку години внимателно го создаваме. Заеднички да ја промовираме македонската дизајн сцената и нашата земја. Како неформални претставници на дизајн секторот во земјава имаме обврска да ги мобилизираме сите активни продукт, модни и графички дизајнери, да ги мотивираме да размислуваат извозно. Фестивалите се одлична можност за иницирање на соработка со концептуални продавници од Белград, Загреб, Сараево, Тирана,  Пловдив иСофија, а изложувањето во комерцијалните зони е секако од голема корист за било кој дизајнер, дизајн студио или производна компанија од Македонија.Во концептуалната продавница во Јавна соба од пред 6 месеци се продаваат парчиња мебел, накит и облека од млади дизајн брендови од целиот регион, време е и ние да покажеме што може да произведеме и извеземе! Патот е отворен, на нас останува реализацијата.

Селектираните производи ќе патуваат во период мај – ноември, 2017 во организирана форма, како “Изложба на македонски дизајн- 2017“, вели директорката на проектот, Тамара Георгиевска.

Учество во изложбата на македонски дизајн може да земат сите модни, графички и продукт дизајнери, дизајн студија и компании од Македонија кои имаат изработено производ или се во финална фаза на изработка на нов производ/прототип. Се охрабруваат сите дизајнери, архитекти, инженерикои сакаат да ги афирмираат производите и остварат вмрежување со продавачи и дистрибутери од земјите од регионотда се пријават на овој повик.

На регионалните фестивали се очекува да се настапи со избор на 15 до 20 иновативни продукти, кои ќе имаат можност да ги видат неколку стотици илјади луѓе на Балканот.Проектот за промоција и извоз на македонски дизајн е во организација на Центарот за дизајн и иновации Јавна Соба.

За повеќе информации: http://www.publicroom.org/shop.html

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБакарно црвена: Хит боја за коса
Следна објаваVolkswagen I.D. BUZZ е новиот електричен минибус!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ