Надвор е буквално – ледено! Автомобилот ви треба секојдневно, до работа или патување. Во продолжение ви предлагаме 15 предмети кои морате да ги имате во автомобилот во зимските месеци – нема да ви пречи.

1. Ќебе

За сите ноќни возења – или во случај греењето да ви замрзне.

2. Кибрит и батериска лампа

Се уште ова е најдобар начин како да повикате помош покрај патот.

3. Додатна течност за предното стакло (шофершајбна)

Секако дека течноста мора да има антифриз против снегот и ледот.

4. Стругалка за лед

За секој случај, доколку ве изневери течноста за стаклото.

5. Сончеви очила

Никогаш не ја потценувајте рефлексијата на сонцето од снегот.

6. Преносен полнач за мобилен 

Затоа што после три хитни телефонски разговори и две пораки на Whatsapp, одеднаш на 14%…

7. Помошни каблови

Студените ноќи можат да бидат причина за проблеми со акумулаторот.

8. Лопата

Можеби и најважната работа која ви треба во автомобилот, кога неочекувано силно паѓа снег.

9. Ракавици

Надвор е студено. А вие морате да го исчистите снегот околу автомобилот.

10. Лед светилка

Никогаш не сметајте само на вашиот мобилен.

11. Сол

За сите заледени подрачја на кои може да наидете.

12. Енергетски плочки

Нема ништо полошо – да се биде гладен и заглавен во сообраќај на -10….

13. Вреќа со песок

Држете го песокот во багажникот како допонителна тежина.

14. Шише со вода

Хидратацијата е потребна секогаш и на секое место, посебно ако постои можност да останете на студ.

15. Кутија за прва помош

Никогаш не знаете што може да се случи заради условите на патот, многу стругање на лед од шофершајбната…..итн.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасна резиденција како од нашите соништа!
Следна објаваЊујоршка диета која го освои светот
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР