Природните нијанси владеат мошне долго во светот на модата и убавината, а оваа сезона, на тронот се враќаат  светлите и атрактивни бои. Првиот епитет ,,тренд на годината’’ и’ припадна на бакарно црвената боја за коса. Богата, впечатлива и прилично незаборавна, за бакарно црвената се смета дека е боја која може да ја носат само дамите со висока самодоверба. Доколку одлучите да ја бојадисате вашата коса во боја на бакар, најважно од се’ е да ја пронајдете онаа нијанса која најдобро ви прилега на тенот. Ако имате зелени очи и светол тен, тогаш бакарно црвената боја е идеална за вас. Во продолжение, ви претставуваме кои се црвенкастите тонови што ќе доминираат во престојната година.

НЕМА КОМЕНТАРИ